• петок, 22 ноември 2024

Почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ

Почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ. 

Популарниот „Грк“ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација има освоено светски шампионат во 1970 година.

Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во независна Македонија. 

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лечиќ ќе биде утре на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан