• понеделник, 23 декември 2024

Почина глумицата Шонка Дукурех

Почина  глумицата Шонка Дукурех
Нешвил, 22 јули 2022 (МИА) - Шонка Дукурех, надежната глумица и пејачка која ја толкуваше „големата мама Торнтон“ во овогодишниот биографски филм за Елвис Присли, почина на 44-годишна возраст. Таа е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Нешвил, Тенеси, САД, вчера. Едно од нејзините две деца ја нашло во несвест и побарало помош од соседот, кој повикал брза помош, соопшти полицијата. https://www.youtube.com/watch?v=Gp2BNHwbwvI Причината за смртта сѐ уште не е утврдена, а предвидена е обдукција за да се утврди како таа починала. Полицијата само соопшти дека, првично, нема траги на насилство. Освен во новиот филм „Елвис“ на режисерот Баз Лурман, Шонка глуми и во видеоспотот за песната „Vegas" на Доџа Кет.  си/ https://youtu.be/QZp2biJul1c

Остани поврзан