• понеделник, 23 декември 2024

Почина Агим Рамадани, доктор и поранешен пратеник

Почина Агим Рамадани, доктор и поранешен пратеник
Тетово, 3 март 2020 (МИА) - На 64-годишна возраст денеска почина Агим Рамадани, лекар во тетовската болница и поранешен пратеник од редовите на Демократска партија на Албанците (ДПА). Работел во Одделот за судска медицина и патологија, а бил пратеник во Собранието во периодот од 2006 до 2008 година. Рамадани завршил Медицински факултет, специјализирал судска медицина и криминалистика, а магистрирал медицински науки. Работел како лекар по општа практика, а потоа и како специјалист во тетовската Клиничка болница. Предавал и на Универзитетот во Тетово. Погребот е утре во родното Желино,Тетовско по пладневната молитва, информираат од семејството. Рамадани бил семен човек, татко на два сина.ас/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан