• вторник, 07 мај 2024

Починат маж пронајден кај неготинската депонија 

Починат маж пронајден кај неготинската депонија 
Неготино,12 јули 2022 (МИА) - Во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години, информираа денеска од СВР Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по  наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. Бил извршен увид на лице место. свд/цр

Остани поврзан