• четврток, 09 мај 2024

Починат маж најден на улица во Тетово

Починат маж најден на улица во Тетово
Тетово, 26 април 2021 (МИА) - Жители на Тетово утринава околу 6 часот и 35 минути на улица во населбата Горна Чаршија нашле мртов човек. Била повикана Итна медицинска помош, но лекарите констатирале дека човекот е починат. -Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека починатото лице е 62-годишниот М.К. од тетовска Шипковица, информираат од СВР Тетово. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството. ас/аа/

Остани поврзан