Починал затвореник на комплексот клиники „Мајка Тереза“
- Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во 1:20 часот е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД „Затвор - Идризово“, бил донесен затвореникот С.Д., но, поради тешката здравствена состојба, тој починал во 3:07 часот.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во 1:20 часот е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД „Затвор - Идризово“, бил донесен затвореникот С.Д., но, поради тешката здравствена состојба, тој починал во 3:07 часот.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за случајот бил известен јавен обвинител и по негова наредба, телото на починатиот било дадено за обдукција. бд/бак/
Фото: МИА архива