Загина момче од тетовско, откако со „БМВ“ излетало од патот
- Од здобиените повреди, момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатникот А.З., на 23-годишна возраст, од истото село, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Момче од тетовско село загина, откако синоќа со „БМВ“ излетало од патот.
- Во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Пирок-Тетово, кај тетовското село Долно Палчиште, патничко возило со тетовски регистарски ознаки кое, според првичните сознанија од увидот, било управувано од М.З., на возраст од 18 години, од село Синичане, тетовско, излетало од коловозот и удрило во столб, се појаснува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Од здобиените повреди, момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатникот А.З., на 23-годишна возраст, од истото село, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. бд/са/
Фото: МИА архива