„Потрага по средновековното богатство“, авантуристичка игра на Скопското кале
- Со кратка едукативна тура низ Скопското кале, денеска ќе се реализира авантуристичката мистерија „Потрага по средновековното богатство“, која претставува интерактивнa, социјална и едукативна
Скопје, 25 септември 2022 (МИА) - Со кратка едукативна тура низ Скопското кале, денеска ќе се реализира авантуристичката мистерија „Потрага по средновековното богатство“, која претставува интерактивнa, социјална и едукативна игра за деца и млади, во организација на ХАЕМУС.
По едукативната тура, преку која учесниците ќе можат да ги препознаат објектите на старите мапи и приказните поврзани со нив, групата ќе го добие царскиот дневник на мајсторот Крон придружен со сет за истражување. Без дополнителна помош од страна, учесниците почнуваат сами да ја водат истрагата преку тимска игра, логичко размислување и по пат на расчитување стари мапи, решавање мистерии, загатки, кодови и тајни шифрарници. Невообичаената авантура завршува во моментот кога ќе биде откриена големата мистерија – локацијата на средновековното богатство.
Ова адреналинско доживување кое во себе ги обединува авантуристичките игри, ловот на богатство и решавањето мистерии е препорачана за деца и млади на возраст од 8 до 14 години. бк/бак/