• недела, 22 декември 2024

Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка

Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка

21 октомври 2024

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори и претседател на Aгро-бизнис комората при Сојузот, Горан Ѓоргиевски, успешно го заврши студискиот престој во Токио, Јапонија, каде на покана на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), учествуваше на студиската програма „Стратегии за одржлив систем на храна за развој на локалната индустрија“. Станува збор за престижен настан на кој учествуваат одбрани претставници од целиот свет, што е вредна можност за нашата земја за размена на знаења и искуства.

Студиската програма опфати суштински области како одржливо земјоделство, зелена инфраструктура, социјално претприемништво, системско размислување, одржлив маркетинг, како и специјализирани области, како одржливо производство на млеко и управување со проекти. Низ оваа екстензивна програма потпретседателот Георгиевски се стекна со вредно знаење како можат овие стратегии да се спроведат кај нас во пракса за креирање на поотпорен и одржлив систем. Овој престижен програм дава практични и напредни практики коишто можат да ја зајакнат македонската прехрамбена индустрија, но исто така да придонесат кон долгорочна одржливост и иновација. Значењето и искуството донесено од Јапонија светски економски и технолошки лидер, се од големо значење за нашата земја, согласно нашите напори за градење на позелена и одржлива економија.

„Ми беше чест да бидам дел од избрана група на професионалци од целиот свет и имав можност да се запознаам со најновите технолошки достигнувања, стратегии и техники во областа на одржливото земјоделство и производство на храна. Додека се уште се соочуваме со последиците од најголемата инфлациска криза во изминатите педесет години, на светот му стана јасно дека стратегиите за одржливост во производството на храна се суштински за да се стабилизираат производствените трошоци, за да се осигура потребното количество и за градење на поотпорни локални индустрии кои се помалку зависни од движењата на меѓународните пазари“, посочува Ѓоргиевски и истакнува дека ќе ги пренесе искуствата донесени од Јапонија кон градењето на поотпорен систем во земјава.

Сојуз на стопански комори на Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан