• понеделник, 23 декември 2024

Потпретседателот на СДСМ Спасовски со граѓаните на општина Врапчиште 

Потпретседателот на СДСМ Спасовски со граѓаните на општина Врапчиште 
Скопје, 23 август 2021  Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски  заедно со пратеничката Фаница Николоска во попладнево се со граѓаните од населените места Зубовце, Градец и Галате, општина Врапчиште. На средба со граѓаните Спасовски посочи дека  СДСМ е постојано на терен, помеѓу граѓаните и работи исклучиво во интерес на секој наш граѓанин. Зад СДСМ стојат реални реализирани мерки, проекти и политики, како на централно така и на локално ниво. „СДСМ е фаворит на овие локални избори, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат, врз основа на она што го сработивме изминатите четири години, а сработивме многу во сите области. Четири години работиме посветено, домаќински и одговорно во водењето институции. Успешноста на нашите економски политики резултира со постојан раст на минималната и просечната плата. За само 4 години за 6.000 денари ја покачивме просечната плата, што значи повеќе пари за работниците, за семејниот буџет. Ги покачивме и пензиите, невработеноста ја намаливме на рекордно ниски 16%. Тоа е разликата помеѓу нас и деструтивната опозицијата. СДСМ враќа пари назад кај граѓните ВМРО-ДПМНЕ блокира и кочи“. истакна Спасовски на средбата со граѓаните. И општина Врапчиште е пример дека ширум државата се инвестира, се гради, дека за нас секој човек е важен, додаде Спасовски. -Реконструирана и проширена е водоводната мрежа во Врапчиште, направен е локален пат кој го поврзува селото Градец со регионалниот пат, опремени се детските градинки во Врапчиште, Неготино и Добри Дол, во општина Врапчиште, рече Спасовски. Тој нагласи дека СДСМ ја креира и реализира политиката едно општество за сите, наместо поделби, градиме држава на рамноправни граѓани со исти права и одговорности, што особено е значајно во мултиетнички средини, како што е Врапчиште. Нашите политики и нашиот концепт кој води напред, заедно со силната поддршка од граѓаните, го максимализираат и коалицискиот капацитет на СДСМ, што е додадена вредност и уште една потврда за фаворитската позиција на локалните избори. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан