• четврток, 19 декември 2024

Потпретседателот на Самсунг, Ли условно ослободен

Потпретседателот на Самсунг, Ли условно ослободен
Сеул, 13 август 2021 (МИА) - Потпретседателот на јужнокорејската компанија Самсунг електроникс Џеј Ли, кој беше осуден за подмитување и проневера, денеска е условно ослободен. Ли (53) беше осуден за подмитување на пријателката на поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хје и тој одлежа 18 месеци од предвидените 30 месеци затвор. Канцеларијата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин денеска соопшти дека одлуката за условно ослободување на Ли е донесена во национален интерес. - Свесни сме декла постојат позитивни и негативни ставови за условната слобода на потпретседателот Џеј Ли, се наведува во соопштението. Бизнис заедницата и јавноста го поддржаа условното ослободување на Ли, додека граѓанските групи го оценија како попустливост за бизнис елитата во земјата. За Ли повторно да може да работи ќе мора да добие одобрување од Министерството за правда, што најверојатно ќе биде само формалност. ми/

Остани поврзан