• понеделник, 23 декември 2024

Потпишан Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија“

Потпишан Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија“
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на Бугарски пошти ЕАД и на АД „Пошта на Северна Македонија“, денеска во Софија потпишаа Mеморандум за разбирање за поштенска соработка. Mеморандумот за разбирање за поштенска соработка се однесува на развој на меѓународни поштенски услуги и е-трговија, омплементација на заеднички проекти во рамки на програмите за прекугранична соработка, претпристапните фондови на ЕУ со кои располага Република Северна Македонија, Фондот за квалитет на услугата на Светскиот поштенски сојуз, меѓусебна поддршка за учество во меѓународни организации и програми од поштенската област и размена на добри практики и знаење за развој на иновативни услуги. Како што се наведува во соопштението од АД „Пошта на Северна Македонија“, со продлабочувањео на соработката помеѓу Пошта на Северна Македонија и Бугарски пошти се отвора нова страница во односите помеѓу двете поштенски управи, со која во иднина и на граѓаните, и на деловната заедница од двете држави, ќе им се обезбедат поквалитетни и поефикасни поштенски услуги. - Убеден сум дека секој во рамки на своите институции, со сопствена иницијатива и одговорност, може да придонесе да се отвори нивна страница во односите на двете земји, преку олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните и деловните субјекти, истакнал во своето обраќање генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија” Јани Макрадули. Иако денеска се потпишува Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија“, се посочува во соопштението, двете поштенски управи веќе преземаа активности за практична имплементација. цр/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан