• понеделник, 23 декември 2024

Потпишан меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда

Потпишан меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда

Скопје, 3 август 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога и директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, потпишаа меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда, со цел заштита на националната безбедност на државата.

Со овој Меморандум за соработка, како што информираат од Министерството за правда, се утврдуваат податоците, информациите и искуствата што ќе се разменуваат и се уредува начинот и постапката на размена на податоците и информациите помеѓу Договорните страни, но исто така се предвидува и размена на искуства, соработка во градење на кадровските капацитети, потребните обуки, одредување приоритети како и други области од интерес.

-Безбедноста на граѓаните и државата е еден од најважните приоритети, а соработката меѓу институциите ја зголемува ефикасноста и квалитетот на услугата кон нив. Остануваме посветени на праведна држава и безбедна иднина за нашите граѓани, се наведува во соопштението од Министерството за правда. дма/ев/

 

Фото: Министерство за правда

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан