• понеделник, 23 декември 2024

Потпишани договори за 129 проекти за рамномерен регионален развој во вредност од 13 милиони евра

Потпишани договори за 129 проекти за рамномерен регионален развој во вредност од 13 милиони евра

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) – Директна финансиска поддршка од 800 милиони денари (13 милиони евра)  за 129 нови проекти ќе бидат распределени во општините и планските региони во државата преку Програмата за регионален развој. 

Договорите за финансирање на проектите, од кои 29 се за планските региони, а 100 за општините беа потпишани денеска во Владата. Парите се наманети за развој на локалната патна инфраструктура, изградба на градинки, набавка на урбана опрема и подбрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Според вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, целта е да се намали диспаритетот во социоекономскиот развој на државата и поделбите на село и град и да ја подобриме целокупната општествена благосостојба.

-За жал, се наоѓаме во ситуација кога разликата помеѓу најнеразвиениот регион - Североисточниот,  со  најнеразвиениот  - Скопскиот, е еден спрема седум. Тој јаз не може да го адресирате ако немате конзистентни полтики кои се инкорпорираат во сите различни програми на Владата, рече Битиќи. 

Според министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, трошењето на средствата што се доделуават е целосно под контрола преку сите институции на Владата.

-Во овие прокети не може да има нетрансперентност. Ги следиме проектите во реализацијата од почеток до крај, рече Пенов. лв/аа/

 

Остани поврзан