• петок, 22 ноември 2024

Потер по поразот од Брајтон: Треба да страдате и да чувствувате болка за да растете и да станете подобри

Потер по поразот од Брајтон: Треба да страдате и да чувствувате болка за да растете и да станете подобри
Брајтон, 29 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Челзи Греам Потер зборуваше за поразот од Брајтон. Лондонскиот клуб попладнево во натпревар од 14. коло на Премиер лигата загуби со резултат 1:4. - Големите порази се болни. Брајтон имаше добра партија, особено во првото полувреме. Мора да преземеме одговорност за играта во првото полувреме. Не можевме да го исполниме потребното ниво. Ние не ги искористивме нашите офанзивни можности, а тие ги реализираа шансите. Имавме неколку добри моменти, но за жал не успеавме. Кога губиш, секогаш сфаќаш дека можеш подобро. Треба да страдате и да чувствувате болка за да растете и да станете подобри. Никој не рече дека сме готов производ. Мораме да ја прифатиме денешната болка и да учиме од неа“, рече Потер. За свирежи од навивачите на Брајтон, тренерот кој порано работеше во овој клуб вели: „Немам за што да се извинувам. Мислам дека направив добра работа во клубот и го оставив во добра позиција, но луѓето имаат право на свое мислење“. По денешниот пораз, Челзи остана на 21 бод и во моментов е на петтото место на премиерлигашката табела. зс/

Остани поврзан