• петок, 22 ноември 2024

Потврден петти смртен случај по земање додатоци во исхраната во Јапонија

Потврден петти смртен случај по земање додатоци во исхраната во Јапонија

Токио, 29 март 2024 (МИА) - Јапонската фармацевтска компанија „Кобајаши“ денеска соопшти дека е потврден петти смртен случај, веројатно поврзан со конзумирањето на додатокот во исхраната од црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми кои ги пријавија стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „бени-коџи“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака.

Кобајаши рече дека супстанцијата за која станува збор „може да потекнува од мувла, но нејзината (хемиска) структура допрва треба да се утврди“.

Висок претставник на компанијата рече дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман за симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им исплати обештетување, како и на 114 лица кои се хоспитализирани.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се доведува во врска со конзумирање додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“. рп/

Фото: Koбајаши фармацеутикал

Остани поврзан