• понеделник, 23 декември 2024

Потврдена доминација на првопласираните три екипи во пингпонгарската Суперлига

Потврдена доминација на првопласираните три екипи во пингпонгарската Суперлига
Скопје, 4 октомври 2020 (МИА) – Во пингпонгарската Суперлига викендов на распоредот беше  четвртото турнирско соочување во кое се одиграа шестото и седмото коло. Фаворитите не дозволија изненадување и го зацврстија своите места на табелата. Со максимален учинок седум победи од исто толку натпревари екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за да презими на првото место на табелата. Следното, осмо коло на 18 октомври ќе одлучи дали Шампион Фа или Младост ќе биде второпласирана екипа на крајот од есенскиот дел од првенството. На дното на табелата се наоѓа екипата на Струга кои во досегашниот тек на првенството нема забележано победа Резултати Суперлига 6. коло: Работнички - Струга 4:2 Вардар - Младост 2:4 Нец - Радовиш 3:4 Шампион ФА - Крива Паланка 2007 4:2 Нец 2 - Младост 96 2:4 Резултати Суперлига 7. коло: Младост 96 - Работнички 4:0 Крива Паланка 2007 - Нец 2 2:4 Радовиш - Шампион ФА 2:4 Младост - Нец 4:2 Струга - Вардар 1:4. зс

Остани поврзан