• среда, 06 ноември 2024

Постојат инструменти за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот, тврди Тупанчевски

Постојат инструменти за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот, тврди Тупанчевски

Скопје, 25 октомври 202 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески денеска изјави дека постојат инструменти и механизами за докажување и откривање на состојбата со незаконски стекнатиот имот. Очекува во најскоро време да биде готова првата драфт верзија на Законот за потекло на имот.

-Очекувам во најскоро време да бидеме и ние, како Министерство за правда, не само запознаени, туку и да го дадеме својот придонес во официјална смисла на зборот тој закон што поскоро да биде донесен. И понатаму одговорно тврдам дека освен тој закон, во моментов постојат инструменти и механизами за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот, истакна Тупанчески.

Посочи дека предметите се поврзани со рокови и дека тие рокови треба да се почитуваат.  - Доколку се утврди субјективна одговорност дека предметите застаруваат и не се постапувало по нив, постојат различни форми на одговорност. Така што, треба да ставиме точка на ерата дека практично предметите фигуративно се во фиока и тоа е направено од субјективни причини. Јас верувам дека овој период е ветувачки дека ќе стигнеме до она што се нарекува европска вредност, а тоа е ефикасно и ефективно судство и обвинителство, рече Тупанчевски. ки/бак/

Остани поврзан