• четврток, 21 ноември 2024

Постои „општ консензус“ Баку да биде домаќин на КОП29, тврди Азербејџан

Постои „општ консензус“ Баку да биде домаќин на КОП29, тврди Азербејџан

Дуибаи, 9 декември 2023 (МИА) - Азербејџанскиот министер за екологија Муктар Бабаев денеска изјави дека постои општ консензус дека Азербејџан треба да биде домаќин на самитот на ОН за климата КОП29 следната година.

„Мило ми е што можам да објавам дека постои општ консензус за кандидатурата на Азербејџан да биде домаќин на КОП29“, рече тој на самитот КОП28 во Дубаи.

Земјите од источноевропскиот регион, што требаше да го даде следниот домаќин на годишниот самит на ОН и да го преземе претседавањето од Обединетите Арапски Емирати, не успеаја да се договорат за кандидат.

Во Дубаи денеска не беше официјално потврдено дека земјите-членки ја поддржале кандидатурата на Баку, но Бабаев рече дека се согласиле.

„Ние сме многу благодарни на сите земји, особено на источноевропската група и домаќините на [САмитот COP28] Обединетите Арапски Емирати за нивната поддршка“, рече тој.

Разговорите за местото на одржување на КОП29 беа прекинати откако Русија рече дека ќе стави вето на кандидатурата на секоја земја од ЕУ за домаќин на средбата на врвот следната година. ЕУ ја санкционираше Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Азербејџан не е членка на ЕУ. Доколку биде одобрена од регионалната група, на кандидатурата на Баку сè уште и треба официјално зелено светло од речиси 200 земји присутни на разговорите КОП28. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан