• петок, 05 декември 2025

Постекоглу кандидат за клупата на Баер

Постекоглу кандидат за клупата на Баер

 

Леверкузен, 4 септември 2025 (МИА) – Австралискиот фудбалски стратег Анге Постекоглу (60) е во тесниот круг кандидати за тренерската должност во Баер Леверкузен, јавија денеска германските медиуми.

Клупата на Баер остана празна, откако Холанѓанецот Ерик тен Хаг беше отпуштен по само два месеци, односно три натпревари на чело на Баер во кои тимот освои само бод во првите две кола од Бундеслигата.

Постекоглу ја освои Лигата на Европа минатата сезона со Тотенхем, што му обезбеди на клубот место во Лигата на шампионите. Сепак, европскиот успех не беше доволен, бидејќи раководството на лондонскиот клуб му врачи отказ по очајната сезона во Премиер лигата и пласманот на 17 место.

Австралискиот тренер со грчки корени беше двократен шампион во Шкотска со Селтик пред да дојде во Англија, а четири години (2013-2017) ја водеше и австралиската репрезентација.ег

ФОТО:ЕПА

Остани поврзан