• петок, 22 ноември 2024

Поставен камен темелник на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец

Поставен камен темелник на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Во дворот на основното подрачно училиште „Кочо Рацин“ во населеното место Огњанци во Општина Петровец, денеска беше поставен камен темелник на нова спортска сала.

Спортската сала е со површина од 470 метри квадратни, а средствата во вредност од 12.000.000 денари се обезбедени од Министерството за образование и наука,  како и 6.000.000 денари од општинскиот буџет. Според надлежните, салата се очекува да биде завршена за околу шест месеци.

-Ние како Општина Петровец, јас како градоначалник, моите советници од Советот на Општина Петровец и општинската администрација, максимално се вложуваме да ги направиме што подобри условите за образование на нашите дечиња. Во изминатиот период направивме две нови училишта, темелна реконструкција на сите училишта на територија на Општина Петровец, изградивме три нови спортски сали. Така ќе продолжиме и во иднина, истакна градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитки до градоначалникот, советниците, до МОН и ресорната министерка и до пратениците од Изборна единица 3 што, како што рече, се залагаат и што континуирано предлагаат проекти кои Владата ќе ги поддржува и во иднина.

-Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме. Веќе разликата е евидентна, за нешто помалку од два месеца нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност. Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности. Уште еднаш нека е аирлија, нека е со среќа и нека се множат ваков тип на објекти уште повеќе, рече Мицкоски.фф/лв/

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан