• понеделник, 23 декември 2024

Поставен камениот темелник на новата општинска зграда на Петровец

Поставен камениот темелник на новата општинска зграда на Петровец
Скопје, 30 јули 2022 (МИА) - Свечено денеска беше поставен камениот темелник на новата општинска зграда на Петровец. Општинската зграда ќе биде со големина од 860 метри квадратни и се очекува да биде завршена за шест месеци. - Оваа општинска зграда ја правиме бидејќи старата која е изградена во далечната 1946 година, е во катастрофална лоша состојба. Финансиските средства во висина од 29 милиони и 600 илјади денари се обезбедени од буџетот на општината, истакна градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски. Митевски информира дека се гради и пешачко-велосипедска патека во должина од 2.500 метра и ширина од три метри, која ќе биде од центарот на Петровец до излезот на Ржаничино и се очекува да биде завршена за три месеци. Според Митевски, со изградбата на оваа пешачко-велосипедска патека во вредност од 16,5 милиони денари од општината, ќе се зголеми безбедноста на децата во сообраќајот.   Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека се прави нешто кое што во рок од шест месеци ќе ја разубави општината, но и ќе има пристојни услови за работа општинската администрација. - Продолжуваме да градиме. Градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да градат, додека Владата продолжува да краде и да се нижат тендери во четири очи, и тоа е разликата. И јас сум убеден дека разликата која што ја препознаа граѓаните на локалните избори, ќе ја потврдиме со едно огромно парламентарно мнозинство и победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.фф/аа/

Остани поврзан