Поставени нови садови за селекција на отпад во Крива Паланка
- Општина Крива Паланка постави нови садови за селекција на отпад на подрачјето на градот во рамки на активностите од законската регулатива за селекција и соодветно управување и постапување с
Крива Паланка, 24 ноември 2022 ( МИА) - Општина Крива Паланка постави нови садови за селекција на отпад на подрачјето на градот во рамки на активностите од законската регулатива за селекција и соодветно управување и постапување со отпадот и заштита на животната средина.
-Локалната самоуправа Крива Паланка во соработка со Јавното претпријатие „Комуналец“ во изминатиот период склучи договори со неколку лиценцирани колективни постапувачи за разни видови на отпад што може и треба да се рециклира и тие како оператори имаат обврска да постават соодветни садови за одлагање на определениот вид отпад од градот и приградските населби. Со цел создавање услуги подостапни за граѓаните, општината го прошири опфатот за одлагање електронски и електричен отпад, со поставување соодветни садови поблиску до местото на живеење, така што колективниот постапувач „Екон Електрон“ на три локации во градот постави соодветни садови, информира Службата за комуникација со јавност на општината.
Поставени се садови за селекција на електорнски отпад кај т.н „Шанин мост“, за населбите: Бадлаг, Бавчалк и Лозаново, наспроти ученичкиот дом „Боро Менков“, за жителите од улицата „8 Октомври“, населба Маневци и Дурачка Река и еден поголем контејнер на главната улица, наспроти ЈП „Македонски шуми“ , сад од затворен тип што ќе служи како собирен центар за поголеми неисправни електрични уреди и апарати за домаќинство.
Садови за селекција на отпад ќе се поставуват со поголем интензитет во наредниот период и општината апелира граѓаните соодветно да ги практикуваат. ид/мд/