• среда, 25 декември 2024

После 30 години, Данска повторно ја отвори амбасадата во Ирак

После 30 години, Данска повторно ја отвори амбасадата во Ирак
Копенхаген, 6 јуни 2021 (МИА) - Данска денеска повторно ја отвори својата амбасада во Багдад, која е затворена од Првата заливска војна во 1991 година, јавува Анадолија. Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод се сретна со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин за време на официјалната посета на Багдад. - Задоволни сме од подобрувањето во односите меѓу Копенхаген и Багдад. Ја отворивме повторно амбасадата во Багдад , рече Кофод по состанокот. Ирачкиот министер за надворешни работи Хусеин истакна дека со својот дански колега разговарал и за развојот на ирачкото земјоделство, индустрија и приватниот сектор. - Отворањето на данската амбасада е голем чекор кон подобрување на нашите односи. Ги повикуваме данските компании да инвестираат во Ирак , рече Хусеин. Истакнувајќи дека Данска има важна улога во НАТО, Хусеин и се заблагодари на Данска за помошта во процесот на обнова на ирачките региони кои беа уништени за време на борбата против терористичката организација „Исламска држава“. За време на неговата посета на Багдад, шефот на данската дипломатија Кофод има средба и со претседателот на таа земја Бахрам Салих и со премиерот Мустафа Ал-Кадими. Речиси 130 дански војници се стационирани во базата Ајн ал-Асад на меѓународната коалиција, а Данска е една од водечките сили во коалициската мисија во Ирак. ссм/

Остани поврзан