• понеделник, 23 декември 2024

Последни подготовки за „Swift Response 22” најголемата вежба што ќе се одржи на Криволак

Последни подготовки за „Swift Response 22” најголемата вежба што ќе се одржи на Криволак
Скопје, 5 април 2022 (МИА) - Во Домот на Армијата во Скопје, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорите на земјите учеснички на претстојната вежба „Swift Response 22” денеска беа брифирани за финалните подготовки за реализација на вежбата која оваа пролет ќе се одржи на полигонот Криволак. Со учество на околу 4600 припадници на вооружените сили од осум земји членки на НАТО - Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Република Франција, Република Италија, Република Албанија, Република Грција, Црна Гора, следниот месец прв пат на Криволак ќе бидат изведени воздухопловни операции кои ќе вклучат 45 воздухоплови, авиони и хеликоптери, и над 700 падобрански скокови. На брифингот, како што соопштија од МО, била истакната подготвеноста на Република Северна Македонија да биде земја домаќин на најголемата Воена вежба организирана на нашата територија досега. Планирачкиот процес за вежбата започна минатата година, а нејзината цел е извежбување на интероперабилноста на сојузничките армии. цр/са/

Остани поврзан