Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување
- Досега биле пристигнати над 400 апликации.
Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Над 400 апликации се пристигнати на повикот за изразување интерес на специјализанти за вработување во јавното здравство.
Од Министерството за здравство информираат дека денеска е последен ден за пријавување. Апликацијата е достапна на веб-страницата на Министерството за здравство. бд/бак/
Фото: МИА архива