• среда, 25 декември 2024

Посебен сообраќаен режим околу црквата „Свети Кирил и Методиј“ по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ

Посебен сообраќаен режим околу црквата „Свети Кирил и Методиј“ по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ
Тетово, 14 октомври 2022 (МИА) - Тетовската полиција информира дека во недела од 6 до 12 часот ќе се воведе посебен сообраќаен режим околу црквата Свети Кирил и Методиј каде ќе се изврши црковната постапка за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец. Од СВР Тетово велат дека согласно надлежностите ќе се спроведат повеќе активности со цел непречено и безбедно одржување на претстојните свечености на кои се очекува присутво на поголем број верници, верски великодостојници и други гости. - На 16-ти октомври од 6 до 12 часот ќе се воведе посебен сообраќаен режим на дел од улицата „Тодор Циповски-Мерџан“, односно ќе биде забрането движење на возила на потегот од крстосницата со улицата „Иво Лола Рибар“ до соборниот храм. Покрај ова, СВР Тетово апелира и ги замолува граѓаните да не ги оставаат нивните возила на просторот пред соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ или ако веќе им се таму паркирани навреме да ги отстранат за да не бидат санкционирани и подигнати од тетовската „пајак-служба“, соопштија од СВР Тетово. Активности за прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец ќе има и утре сабота 15 октомври во Лешок. Таму ќе се одржаи Воскресна литургија, а во недела предвиденат богослужба треба да започне во 8 часот. ас/цр  

Остани поврзан