• среда, 11 февруари 2026

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) - Посебен режим на сообраќај ќе има денеска, попладне, во Скопје поради посета на косовскиот премиер Албин Курти, најавија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека Курти денеска ќе престојува во официјална посета на нашата држава.

- Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници, соопштија од МВР. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан