• недела, 12 мај 2024

Посебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник на Илинденска во Скопје

Посебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник на Илинденска во Скопје

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје.

Во периодот од 23.00 часот на 27 август до 06.00 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.„Илинден“, на потегот од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до ул.„Наум Наумовски Борче“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај. ев/бак/

Остани поврзан