• понеделник, 25 ноември 2024

Посебен режим за британските дипломати во Русија

Посебен режим за британските дипломати во Русија

Москва, 20 јули 2023 (МИА) – Москва објави дека британските дипломати кои работат во Русија ќе треба однапред да ги известат властите за нивните движења низ земјата.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало британскиот вршител на должноста Том Дод за да го информира за „процедурата за известување за движењето на вработените во британските дипломатски претставништва“.

Москва соопшти дека е тој потег е воведен како одговор на „непријателските акции“ на Лондон, клучниот сојузник на Украина.

Мерките нема да важат за британскиот амбасадор и уште неколку дипломати. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан