• среда, 17 јули 2024

Посадени садници во околината на Вински музеј Кавадарци 

Посадени садници во околината на Вински музеј Кавадарци 

Кавадарци, 21 март 2023 (МИА) - Во чест на денот на пролетта, во околината на Вински музеј Кавадарци, во градскиот парк, беа посадени садници чемпреси, со цел подигнување на свеста за значењето на екологијата и чистата и здрава животна средина. Настанот беше организиран во соработка со земјоделско - шумарското училиште „Ѓорче Петров“. 

Весела Честоева, директорка на Музејот, рече дека традиционално организираат вакви и слични еколошки акции, со кои се упатува порака за грижа за иднината. 

Директорката на воспитно - образовната установа, која постои 66 години, Ратка Росомански нагласи дека со ваквите активности, покажуваат дека се општествено одговорни. свд/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан