• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Португалскиот напаѓач Зики прогласен за најдобар играч на Европското првенство во футсал

Португалскиот напаѓач Зики прогласен за најдобар играч на Европското првенство во футсал
Амстердам, 6 февруари 2022 (МИА) – Членот на португалската репрезентација, Зики е прогласен за најдобар играч на Европското првенство во футсал кое заврши денес во Амстердам. Дваесетгодишниот футсалец одигра шест натпревари на Европското првенство, постигна три гола и креира три асистенции. Португалскиот тим вечерва во финалето ја совлада Русија со 4:2, иако до 19.минута губеше со 0:2. Репрезентацијата на Португалија вторпат по ред го освои Европското првенство. зс/

Остани поврзан