• понеделник, 15 јули 2024

Портокалово ниво за опасност од високи температури, промена на времето од петок

Портокалово ниво за опасност од високи температури, промена на времето од петок

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Како што најавува УХМР, во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок. нд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан