• понеделник, 25 ноември 2024

Портер стана најмладиот стартен играч во историјата на Арсенал

Портер стана најмладиот стартен играч во историјата на Арсенал

Лондон, 26 септември 2024 (МИА) - Голманот на лондонски Арсенал Џек Портер постави нов клупски рекорд.

Вчеравечер 16-годишниот голман влезе на теренот од првите минути во натпреварот од 3. коло од англискиот Лига куп против Болтон (5:1). 

Портер стана најмладиот фудбалер кој некогаш играл на официјален натпревар во првиот тим на „Топџиите“. На денот на неговиот деби натпревар, неговата возраст беше 16 години и 72 дена.

Оваа сезона Портер успеа да игра и за младинскиот тим на Арсенал до 21 година, како и репрезентациите на Англија до 17 и до 18 години. зс/

Фото: Фејсбук Арсенал

Остани поврзан