• понеделник, 23 декември 2024

Порошенко: Досега Украина во контраофанзивата активираше само 30 отсто од трупите

Порошенко: Досега Украина во контраофанзивата активираше само 30 отсто од трупите

Киев, 21 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека моментално се активни „само 30 отсто од бригадите“ резервирани за контраофанзива.

Тој додаде дека го загрижува недостатокот на воздушна доминација на Украина и супериорните руски борбени авиони и противввоздушна одбрана.

-Сепак, и покрај сето ова, покажавме напредок за време на оваа контраофанзива. Го изненадивме светот, правиме чудо и ја запревме втората најголема нуклеарна сила во светот. Русија е многу силна, но не се сомневам во нашата победа, изјави Порошенко. мс/сд/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан