• петок, 22 ноември 2024

Поришкова: Созревањето и првите брчки се совршена рамнотежа

Поришкова: Созревањето и првите брчки се совршена рамнотежа

Стокхолм, 13 септември 2022 (МИА) - Паулина Поришкова, една од најубавите манекенки на светот, на својот интернет-простор постави слика во природно издание и проговори за стареењето.

Имено, чешко-шведската супермоделка, која е среде шестото десетлетие од својот живот, вели дека ѝ недостига вниманието што го добивала кога била помлада и дека ѝ било тешко да го прифати тоа дека старее, иако цел живот се грижела за својот изглед. Но, сѐ тоа сега е зад неа. „Како модел, требаше да претставуваш физички совршена жена. Се разбира, никогаш не можеш да бидеш апсолутно совршена. Секогаш има некоја со подобри нозе, нос, усни, коса итн. Како ми беше кога сите ја осудуваа мојата физичка убавина? Тогаш се чувствував најлошо“, напиша Поришкова. Таа вели дека е свесна за тоа дека некои луѓе со шепот коментирале дека таа „не е толку убава“ и „Ел има подобро тело“, а „Кристи има поубави заби“ и „Синди има повпечатливи усни“... „Сега, кога конечно се прифатив себеси, општеството мисли дека ја губам убавината... Се трудам со сите сили да ги урнам предрасудите дека моето време помина, бидејќи чувствувам дека сега сум во моите најдобри години!“, нагласи таа. Заклучок од сѐ што научила досега, вели, е дека созревањето и првите брчки се совршената рамнотежа. Таа жали за оние кои не го гледаат тоа и мислат дека младоста е неопходна за убавината. Паулина е родена 1965 година во Проштејов, Чешка, тогашна Чехословачка. Се преселила во Шведска со своето семејство во 1968, за да ја избегне инвазијата на Варшавскиот пакт. Во Шведска стана глумица, а потоа и супермоделка со светска кариера. Работела за брендови како „Шанел“, „Версаче“, „Хермес“, „Кристијан Диор“, „Оскар де ла Рента“, „Микимото“, „Пери Елис“, „Лаура Бјаџоти“, „Ен Клајн“, „Елен Трејси“, „Барнис Њујорк“, „Ен Тејлор“ и „Ревлон“.  си/сд/

Остани поврзан