Поранешниот чешки селектор Рада суспендиран поради расизам
- Поранешниот селектор на чешката фудбалска репрезентација и актуелен шеф на стручниот штаб на прволигашот Дукла, Петр Рада, е суспендиран во траење од три месеци поради расистички навреди упатени кон противнички тренер.
Прага, 23 април 2024 (МИА) – Поранешниот селектор на чешката фудбалска репрезентација и актуелен шеф на стручниот штаб на прволигашот Дукла, Петр Рада, е суспендиран во траење од три месеци поради расистички навреди упатени кон противнички тренер.
Образложувајќи ја казната, чешката фудбалска Федерација (ФАЦР) објави дека Рада го навредил својот колега Томаш Полах, тренерот на Збројевка, по натпреварот меѓу двете екипи кој на 2 март заврши нерешено (3:3), нарекувајќи го „чергар“.
ФАЦР првично му изрече суспензија од осум месеци и парична казна од 3.160 евра.
Комисијата за жалби ја намали суспензијата на три месеци, но ја задржа истата глоба.
Рада изјави дека е разочаран од одлуката, истакнувајќи оти неговите коментари не биле расистички, наведува агенцијата ЦТК. ег ФОТО: Фејсбук