Поранешниот претседател на Салвадор осуден на уште шест години затвор за друго кривично дело
- Поранешниот претседател на Ел Салвадор, Маурисио Фунес е осуден на шест години затвор поради затајување данок, соопшти вчера Генералното обвинителство на Ел Салвадор, јави ДПА.
Сан Салвадор, 6 јули 2023 (МИА) - Поранешниот претседател на Ел Салвадор, Маурисио Фунес е осуден на шест години затвор поради затајување данок, соопшти вчера Генералното обвинителство на Ел Салвадор, јави ДПА.
Пресудата е донесена околу еден месец откако Фунес беше осуден на 14 години затвор во друг случај. Во мај поранешниот левичарски претседател беше прогласен за виновен за незаконска соработка со криминални организации.
Во случајот во кој беше осуден на шест години затвор, Фунес беше обвинет за затајување данок во вредност од околу 85 илјади американски долари. Освен што ќе биде осуден на затворска казна, ќе треба да плати и парична казна од околу 200 илјади долари.
Фунес беше претседател на Ел Салвадор од 2009 до 2014 година. Моментално живее во Никарагва, каде што доби азил. Тој е и државјанин на Никарагва. Не постои договор за екстрадиција меѓу Никарагва и Ел Салвадор. паг/
Фото: ЕПА