• четврток, 28 ноември 2024

Поранешниот претседател Иванов на Дипломатскиот форум во Анталија

Поранешниот претседател Иванов на Дипломатскиот форум во Анталија
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, од денеска до 13 март, на покана од мнистерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија.
Дипломатскиот форум во Анталија на тема „Прекодирање на дипломатијата“ се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во рамките на своето учество на форумот, како што најавуваат од кабинетот на поранешниот претседател, Иванов ќе се обрати на панелот „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“. вг/са/

 

Остани поврзан