• петок, 22 ноември 2024

Поранешен играч на Челси, Ливерпул и Интер ќе игра во Чемпионшип: Мозес потпиша за Лутон 

Поранешен играч на Челси, Ливерпул и Интер ќе игра во Чемпионшип: Мозес потпиша за Лутон 

Лутон, 10 септември 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Челси, Виктор Мозес стана нов член на Лутон. Тимот од второто ниво на англискиот фудбал го доведе без обештетување, па единствен трошок ќе му биде личниот доход до крајот на договорот.

Клубот од Чемпионшип не објави до кога е потпишана соработката со Нигериецот, секако дека финансиските детали останаа во тајност, а она што е неспорно е дека Мозес пристигна откако му истече договорот со Спартак од Москва.

Триесет и три годишниот фудбалер минатата сезона одигра 19 натпревари и постигна еден гол за рускиот клуб. Во богатата и долга кариера настапуваше за споменатиот клуб од Лондон, но и за Ливерпул, Интер, Вест Хем, Стоук, Кристал Палас и Фенербахче.

Во дресот на Челси одигра 128 натпревари и даде 18 голови, ја освои Премиер лигата во 2017 година и Лигата на Европа двапати (2013, 2019 година). 

Со репрезентацијата на Нигерија го освои Африканскиот куп на нации во 2013 година. дс

Фото: Х/Лутон таун

Остани поврзан