• четврток, 19 декември 2024

Порака од Гаши по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Порака од Гаши по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати порака по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

-На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, оддаваме почит на силата, храброста и истрајноста на поединците кои се соочуваат со специфични предизвици. Тие се чувствителен, но витален дел од нашето општество, и без разлика на пречките, нивниот потенцијал за придонес во сите сфери на животот е неограничен, вели Гаши во пораката. 

Овој ден, додава тој, не повикува да размислиме за важноста на еднаквите можности, инклузивноста и почитувањето на достоинството и различноста на секој поединец.

-Како општество, имаме колективна одговорност да ги обезбедиме овие можности и да се заложиме за зајакнување и интеграција на лицата со попреченост. Собранието на РСМ останува посветено да придонесува во овaa насока на секој можен начин. Среќен Меѓународен ден на лицата со попреченост, порачува претседателот на Собранието на РСМ. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан