• понеделник, 23 декември 2024

Пораснаа цените на златото поради тензијата на Блискиот Исток

Пораснаа цените на златото поради тензијата на Блискиот Исток

Вашингтон, 2 април 2024 (МИА) - Цените на златото пораснаа под влијание на ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток. На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,4 отсто на 2.260,7 долари. На американскиот пазар фјучерсите на златото поскапеа за 1,1 отсто, на 2.281,15 долари за унца.

Се верува дека инвеститорите биле поттикнати да купат злато од израелскиот воздушен напад врз иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск, во кој загинаа висок ирански воен командант и неколку дипломати.

На трговијата во текот на денот би можеле да влијаат и податоците за нарачките во американската индустрија во февруари и оставката на функционерот на американската централна банка.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел треба да одржи говор в среда. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан