• понеделник, 23 декември 2024

Поради силниот дожд во Шпанија откажани дел од поворките на Велики петок во земјата

Поради силниот дожд во Шпанија откажани дел од поворките на Велики петок во земјата

Мадрид, 29 март 2024 (МИА) - Обилните дождови предизвикаа откажување на традиционалните верски поворки за Велики петок во некои делови на Шпанија, особено во јужниот град Севиља, пренесоа американските медиуми. 

За прв пат од 2011 година, шесте полноќни поворки кои ја одбележуваат кулминацијата на Страсната недела се откажани поради лошото време во градот Андалузија. Во 2020 и 2021 година, поворките не беа одржани поради пандемијата „Ковид-19“.

Поворките траат од полноќ до зори на Велики петок и се организирани од верски братства. Тие обично привлекуваат десетици илјади верници и туристи од целиот свет.

Дождот принуди да се откажат поворките во Кадиз (на југозапад) и во Сарагоса (на север).

Метеоролошката агенција на Шпанија издаде предупредувања за 14 од 17 региони во земјата поради обилните врнежи од дожд, ветровите со брзина од над 70 км/ч и немирното море.

Четири лица загинаа вчера во три несреќи на шпанските брегови на Атлантикот и Медитеранот.

Сепак, невремето е добра вест за земјата, каде што неколку региони, особено Андалузија и Каталонија (на северозапад), страдаат од продолжена суша. Овие две области, кои се најгусто населени во Шпанија, се подготвуваат да внесат вода со брод доколку е потребно.

Во Шпанија, Светата недела обично се карактеризира со десетици поворки кои датираат од средниот век. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан