• четврток, 07 ноември 2024

Поради позитивни случаи на коронавирус, Голден Арт КЛ7 во изолација

Поради позитивни случаи на коронавирус, Голден Арт КЛ7 во изолација
Скопје, 17 септември 2020 (МИА) - Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за коронавирусот (покачена температура, губење на вкус и мирис).
  • Поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид тестирање во Клиника Жан Митрев (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 Ковид19 позитивни резултати. Според прописите за третман на лица кои се Ковид19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови, соопштија од клубот Голден Арт КЛ7.
Од истиот клуб пред стартот на подготовките за натпреварувачката сезона, беа откриени два случаи позитивни на вирусот и истите беа изолирани и излечени. Голден Арт КЛ7 апелираат сите клубови и целокупната јавност да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. зс/

Остани поврзан