• четврток, 04 декември 2025

Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила

Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила

Скопје, 15 август 2025 (МИА) - Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје затворен е за секаков вид на возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, според информациите на АМСМ, е зголемен.

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан