• вторник, 05 ноември 2024

Поради пандемијата во Хелсинки ќе се воведат построги мерки

Поради пандемијата во Хелсинки ќе се воведат построги мерки
Хелсинки, 24 ноември 2020 (МИА) - Градоначалникот на главниот град на Финска, Хелсинки, Јан Вапавуори денеска најави построги мерки поради пораст на бројот на заразени со Ковид-19. Тој наведе дека ќе се затворат средните училишта, библиотеките и базени, а целосно ќе се забранат јавниоте собири поради „загрижувачката“ ситуација со новиот коронавирус. - Предлагаме да се применат сите мерки што се во надлежност на градските власти бидејќи се заканува опасност од преоптовареност на здравствената служба, истакна Вапавуори. Тој додаде оти до крајот на неделата ќе се знае кои рестрикции ќе стапат во сила. - Ширењето на епидемијата во повеќе домови за стари лица и засилништа за бездомниците во последните денови сведоќат затоа дека се потребни построги мерки, посочи Вапавуори, додавајќи оти жали поради тоа што поголем број луѓе не се придржуваатдо препораките на здравствените власти. Градската власт засега издаде препорака заограничување на приватните собири во затворен простор и носење на маски во одредени прилики. ми/

Остани поврзан