• среда, 26 јуни 2024

Поради обилните врнежи зголемено нивото на водотеците во туристичката населба Равна Река

Поради обилните врнежи зголемено нивото на водотеците во туристичката населба Равна Река
Пехчево, 21 август 2022 (МИА) - Поради обилните врнежи од дожд што го зафатија Пехчевскиот регион, зголемено е нивото на водотеците во близина на туристичката населба Равна Река. Сопственици на викендици изјавуваат дека состојбата е алармантна долж целото течение на реката во оваа населба. - Најкритично е во близина на мостот, а од надојдените води поплавени се дворни места, ископан дел од канализационата мрежа, има дрвја во водата ....... Жителите прават напори да го заштитат имотот, но само на оние места каде тоа е можно, велат сопственици на викендички. Од општината најавија дека испратени се екипи од комуналното претпријатие за итно делување на местата каде е најкритично. Апелираа и мештаните со правење импровизирани брани да се вклучат во спречување на обидите надојдената вода да предизвика поголеми штети во нивните објекти. Ова е втор пат за неполна година туристичката населба Равна Река да се соочува со поплави. Во претходната поплава, која исто така се случи поради излевање на водотеците, беа предизвикани штети на викендиците кои се наоѓаат во туристичката населба. вс/фф/

Остани поврзан