Поради магла, намалена видливост на патот село Лисец - Попова Шапка до 30 метри
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец село Лисец - Попова Шапка до 30 метри.
Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец село Лисец - Попова Шапка до 30 метри.
На патниот правец Р-1302 Берово - Струмица, кај селоto Ратево, поради поголем одрон, сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци, кои поминуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот. сст/са/
Фото: МИА архива