• сабота, 27 април 2024

Поради магла намалена видливост до 50 метри во Крушево

Поради магла намалена видливост до 50 метри во Крушево

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Крушево, информираат од ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/ев/

Фото:МИА архива

Остани поврзан