• петок, 05 декември 2025

Поради дефект во прекин водоснабдувањето на делчевскиот здравствен дом

Поради дефект во прекин водоснабдувањето на делчевскиот здравствен дом

Делчево, 8 април 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето во Јавната зравствена установа ,,Гоце Делчев" во Делчево. 

Како што информираа од установата, во тек се работи за санација на дефектот.

-Здравствениот дом е во фаза на санација на дефектот, за што е извршена набавка на потребниот материјал, по што се очекува во текот на денот поправка на истиот, информираа од ЈЗУ ЗД ,,Гоце Делчев" Делчево.

Оттаму изразија благодарност за разбирањето, очекувајки нормализирање на водоснабдувањето во најскор можен рок. вс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан